Навивачите на Партизан ги нападнаа своите фудбалери, тренерот Станојевиќ беше повреден!
Навивачите на Партизан многу тешко го поднесоа најтешкиот пораз од Црвена Звезда на домашен терен и предизвикаа скандал по завршувањето на 174. „вечно“ дерби.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, дел од најжестоките фанови влетале во соблекувалната и ги нападнале фудбалерите и стручниот штаб на Партизан. Такво нешто можеше да се почуствува додека противничкиот тренер Милојевиќ даваше изјава за телевизија бидејќи одеднаш го прекина своето излагање и истрча кон својата екипа.
Информациите од Белград велат дека во соблекувалната има скршени стакла, повредени се неколку фудбалери на Партизан, а најлошо поминал тренерот Александар Станојевиќ кој има фластер над окото и преку носот. На прес-конференцијата по мечот тој рече дека повредите се од скршено стакло во соблекувалната, но очевидци тврдат дека во негова близина бил фрлен топовски удар.
Навивачите на Партизан во текот на мечот бараа оставка од Станојевиќ, лути на катастрофалната игра и резултатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА СЕ СОПРЕ НОВА ВОЈНА:…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, по директна…
Патриотско друштво со предлог решение за студентскиот…
Гледам дека студентите бараат зголемување на субвенционираниот…
Трамп: Сега, заедно со Нетанјаху, морам да…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега…
БЛИСКИОТ ИСТОК ВО СОСТОЈБА НА ВИСОКА ПРИПРАВНОСТ:…
Безбедносните тензии на Блискиот Исток дополнително се…
До документ со неколку клика на мобилен…
Со бесплатната мобилна апликација m.Uslugi, граѓаните добиваат…