Објавено на:

Надал му честиташе на Ѓоковиќ: Се чинеше недостижно, сега уживај

t

Еден од најдобрите светски тенисери Рафаел Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освојувањето на Ролан Гарос и 23 Грен слемови во кариерата.


Шпанецот, инаку, рекордерот на Ролан Гарос со 14 титули, веднаш по финалето во Париз му испрати порака на Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
„Големи честитки за ова извонредно достигнување. Бројот 23 е нешто што ни изгледаше недостижно пред неколку години, не можевме ни да размислиме, а вие го направивте тоа. Уживајте со семејството и тимот“, напиша Надал.

Да потсетиме, Надал поради повреда и операција на колкот не ја одбрани титулата на овогодинешниот Грен слем во Париз, а надвор од тенисот е од јануари кога се повреди на Австралија Опен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…