Надал: Подготвен сум за крај на кариерата

t

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека емотивно е подготвен да ја заврши кариерата на претстојното финале на Дејвис купот, но дека ќе настапи само во сингл доколку е целосно подготвен за победа.

Освојувачот на 22 грен слем титули минатата недела објави дека ќе ја заврши кариерата по настапот за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот што се игра од 19 до 24 ноември во Малага.

Емотивно сигурно ќе бидам подготвен. Физички и во однос на нивото на игра, ми преостанува уште еден месец за подготовка. Ќе се обидам да бидам во добра форма за да му помогнам на тимот да победи. Ако не сум подготвен за сингл, јас ќе бидам првиот што ќе го каже тоа. Бидете 100 проценти сигурни дека нема да бидам на теренот ако мислам дека не можам да победам на тој меч“, рече Надал, пренесе Би-Би-Си.

Надал вчера загуби од сонародникот Карлос Алкараз со 3:6, 3:6 на ревијалниот турнир во Ријад, а за третото место в сабота ќе игра против големиот ривал Новак Ѓоковиќ, кој беше поразен од Јаник Синер со 2:6, 7:6, 4:6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Јас побарав од Груби да се…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување…

Новиот систем на ЕУ направи хаос на…

Чекањето на некои од најголемите европски аеродроми…

Администрацијата на Трамп поништи повеќе од 175.000…

Американскиот Стејт департмент објави дека администрацијата на…

Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно…

Дете на возраст од година ипол било…

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4…

Девизните резерви на крајот на јули годинава…