Надвор од контрола: За три дена во Македонија 4.297 заразени

t

Расте бројот на активни ковид-случаи, според СЗО омикрон нема да биде последната варијанта на вирусот
Скопје, 7 јануари 2022 (МИА) – Бројот на активни случаи на ковид во земјава изнесува 8.209, што е раст од над 1.300 случаи за само едно деноноќие. Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, при што регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19, починале две лица, а оздравени се 332 пациенти.

Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје 1028, следат Битола – 148, Прилеп – 112 и Охрид – 61. Во текот на претходното деноноќие регистрирани се две починати лица: по едно од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а на починати е 8.002.
Според надлежните, вакцинацијата против Ковид-19 останува единствен излез од пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…