Објавено на:

Над двесте луѓе евакуирани поради голем шумски пожар во близина на езерото Гарда во северна Италија

t

Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради голем шумски пожар во близина на езерото Гарда во северна Италија, а меѓу евакуираните има десетици туристи, објави ДПА.

Пожарот ја зафати територијата на општината Тињале, која се наоѓа на западниот брег на езерото Гарда – најголемото езеро во Италија и една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Како превентивна мерка, неколку десетици туристи кои престојуваат во одморалиште се евакуирани, како и луѓе од неколку одморалишта во областа.

Според противпожарната служба, пожарот се проширил брзо синоќа во планинската област над брегот на езерото. Утрово, многу екипи продолжија да се борат со пламените јазици, но во моментов пожарот сè уште не е под контрола.

„Напорите во моментов се фокусирани на локализирање на пожарот и заштита на неколку станбени згради“, соопшти противпожарната служба.

Во справувањето со пожарот се вклучени противпожарни авиони и хеликоптери. Италија со недели е зафатена од топлотен бран, при што температурите во некои области надминуваат 40 степени Целзиусови.

Речиси во сите поголеми градови во земјата моментално има црвено предупредување поради здравствени ризици поврзани со екстремната топлина. Во исто време, нивото на реката По, најдолгата река во Италија, значително се намали. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште една птица е заразена со западнонилска…

Состојбата заклучно со денешниот ден е дека…

13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…

Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…

Мицкоски за дата центрите: Јасно е каде…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска при…

Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…

Два големи американски воени авиони биле забележани…

11 земји од ЕУ бараат да се…

Единаесет земји членки на Европската унија бараат…