Над две третини од германските болници работат со загуба
Повеќе од половина од 650 директори на болници кои беа анкетирани, сметаат дека ликвидноста на нивните институции е „ризична“ или дури „многу ризична“ во второто тримесечје од 2024 година, покажува истражувањето на консултантската фирма Роланд Бергер.
Во просек, 28 отсто од болниците би можеле да се соочат со несолвентност до крајот на годината, според самоевалуацијата.
Петер Магунија, експерт за болници и партнер во консултантската фирма, изјави дека и малите и бројни големи болници – вклучувајќи ги и болници за максимална нега и универзитетските клиники – се под значителен притисок. – Јавните болници особено се под дополнителен притисок, додаде тој.
Минатата година, 70 отсто од германските болници пријавија загуби. – Ние веруваме дека во многу блиска иднина ќе дојде до дополнителни затворања, имајќи ја предвид економската и ситуацијата со ликвидноста, рече Магунија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
