Над три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина
Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.
Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.
„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.
Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова…
Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот…
Рама: Ова не е студентски протест, градот…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше пред…
Разочарување за евроскептиците: Ле Пен не сака…
Неколку објави на социјалните мрежи тврдат дека…
Митровски: Ива веќе не може да мрдне…
*Објава на Фејсбук на адвокатот Јанаки Митровски…
Цената на струјата останува иста до крајот…
Цената на електричната енергија до крајот на…