Над 100 пациенти дневно на Инфективното во Куманово, растат цревните инфекции

t

Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, каде во изминатите два месеца е забележан зголемен број гастроентероколити и други цревни инфекции. Лекарите велат дека растот е особено изразен во летниот период и ги опфаќа сите возрасни групи.

Раководителката на одделението, д-р Валентина Џартовска, посочува дека високите температури, патувањата и почестите собирања во поголеми групи придонесуваат за ширење на инфекциите.

Најчести симптоми се повраќање, дијареа и мачнина, а кај дел од пациентите се јавуваат и покачена температура, болки во стомакот, главоболка, болки во мускулите и дехидратација. Поголемиот дел од случаите минуваат со полесна клиничка слика и без потреба од хоспитализација.

Најголем ризик од дехидратација има кај малите деца и повозрасните лица, особено доколку имаат и хронични заболувања. Џартовска советува при појава на симптоми веднаш да се надоместуваат течностите, а доколку состојбата се влошува да се побара лекарска помош.

Во летниот период лекарите препорачуваат полесна храна, правилно чување на намирниците, добра термичка обработка и темелно миење на овошјето и зеленчукот. Важна е и личната хигиена, бидејќи цревните инфекции најчесто се пренесуваат по фекално-орален пат, а некои вируси, меѓу кои норовирусите, може да се шират и меѓу луѓето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…