Над 11 илјади заболени од Ковид – 19 за само една недела

t

Омикрон сојот доминира во државата, потврден кај 60 отсто од секвенционираните позитивни тестови. Над илјада реинфекции за само седм дена, а бројката на активни случаи зголемена за три пати од почетокот на годинава. Во болниците има преку 400 хоспитализирани

Рекордни 11.123 новозаболени за само една недела се регистрирани во системот на здравствените власти. Ова е за 35 проценти повеќе од претходната недела кога „Омикрон“ сојот дефитивно се прошири низ државата. Нови случаи се потврдени во сите 35 града низ државата а половина од нив се во Скопје каде има нови 5.630 заболени лица. Највисока инциденца е забележана во Крушево со 1.152 заболени на 100 илјади жители а исклучително висока инциденца има и Битола со 1.035 заболени на 100 илјади жители.

Во текот на минатата недела 1.247 граѓани кои веќе еднаш го прележале вирусот повторно се заразиле а тоа е пораст за речиси 32 отсто споредено со неделата претходно.

За разлика од претходните периоди на епидемијата и соеви на вирусот, сега најчесто на удар се младите.

„Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30 до 39 години, вкупно 2.643 случаи или 23,8% и од 20 до 29 години со 2.153 случаи или 19,4 отсто. Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 60 години со зголемување од 99,6% и возрасната група 50-59г со зголемување од 90,3% во однос на претходната недела“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Потврда дека „Омикрон“ сојот е доминантен стигна од Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика.

„Од вкупно 96 позитивни примероци на САРС-КоВ-2, а кај 57 од нив (59,4%) е детектирана Омикрон варијантата (Б1.1.529). Омикрон варијантата е откриена во 7 градови и тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија“, информираат од ИЈЗ.

Расте и бројката на починати. Педесет и петмина граѓани, во периодот од 10 до 16 јануари, починаа како последица на компликации предизвикани од коронавирусот. Смртни случаи се регистрирани во 15 града низ државата а најголем број од починатите се граѓани над 60 годишна возраст.

Во текот на минатата недела направени се 45.401 тестиорања а во просек позитивни биле 24,4 отсто.

Инциденцата или „Р0“ се зголемува од ден во ден и се движи од 0,9 до 2,14, намалување4 има само во Дојран.

„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 18.868,6 на 100.000 жители и Скопје (17.399,3/100.000), а најниска инциденца од 5.246,5 заболени на100.000 жители се регистрира во Дебар“, покажува анализата на ИЈЗ.

Во моментов во Ковид центрите и на инфективните одделенија во Скопје и внатрешноста хоспитализирани се 439 пациенти, 251 од нив се на кислородна поддршка а 26 пациенти дишат со помош на механичка вентилација.

Според официјалните податоци на Министерството за здравство, во моментов активни се 16.397 случаи што е за три пати повеќе од 1 јануари кога во државата имаше нешто над пет илјади активни случаи. Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 8.115 пациенти.

Досега барем со една доза вакцина, во државата или странство, вакцинирани се 862.972 граѓани а комплетно вакцинирани со две дози вакцина, вакицнирани се вкупно 838.997 граѓани или 41,7 отсто од вкупната популација во државата. Досега трета или „бустер“ доза примиле 117.521 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…