Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

t

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Мерката „Самовработување – Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

La dolce vita: Дали Италија е новото…

Италија веќе се соочи со критики од…

Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…

Отворањата на нови компании исто така бележат…

Скопјанец со највисока годишна бруто плата лани…

Жител на Скопје минатата година остварил и…

Компании од Италија: Сакаме да се вратиме…

Извозот во санкционираната Русија падна за 35%…

Азески удри по европските лидери: Разберете дека…

 Европските лидери мора да разберат дека на…