Над 20.000 сообраќајни прекршоци и скоро 500 уапсени возачи во јули

t

Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 година, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Според МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, 3 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец.

Во истиот период, одземени се 332 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јули евидентирани се 4.694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол.

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 2.073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем.

Исто така санкционирани се 1.829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…

Жена вчера украла козметички производи од аптека…

Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово

Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…

Мајка ќе одговара за „одземање на дете“,…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37)…