Објавено на:

Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска

t

Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.

Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.

Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.

„Можеме да бидеме многу задоволни од постигнатите туристички резултати во 2024 година, вклучително и финансиските, бидејќи според сите параметри е постигната уште една рекордна година. Особено сме среќни што најизразен раст беше во пред и постсезоната, која потврдува дека Хрватска станува дестинација за целогодишен туризам“, изјави министерот за туризам и спорт, Тончи Главина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…