Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија – секој ден повеќе од 75 семејства останувале без дом
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446 присилни иселувања, што значи дека во просек секој ден повеќе од 75 домаќинства останувале без својот дом. Поголемиот дел од случаите се однесувале на иселувања од станбени објекти, покажуваат податоците на германското Министерство за правда.
Судските извршители во текот на 2025 година спровеле вкупно 27.446 присилни иселувања. Податоците биле доставени како одговор на пратеничко прашање од партијата Левица, а ги објавил весникот „Рајнише пост“, пренесува ДПА, повикувајќи се на информации од Сојузната канцеларија за правда.
Најмногу случаи во најнаселената покраина
Најголем број присилни иселувања биле регистрирани во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената германска покраина, каде што биле спроведени повеќе од 6.000 вакви постапки.
На второ место е Баварија со повеќе од 3.400 случаи, додека во Берлин биле регистрирани речиси 2.300 присилни иселувања.
Иако бројот е помал во споредба со претходната година, кога биле евидентирани повеќе од 30.000 присилни иселувања, споредбата со претходните години е ограничена поради промените во начинот на собирање на податоците.
Владата нема податоци колку луѓе останале без покрив над главата
Особено загрижува фактот што германската влада нема податоци за тоа кои домаќинства биле погодени од присилните иселувања, ниту колку луѓе по нивното спроведување останале без покрив над главата.
Поради ваквата состојба, пратеничката на Левицата, Сара Миров, побара воведување законски зимски мораториум на присилните иселувања, со цел да се спречи луѓето во најстудените месеци да завршат на улица.
Податоците ја покажуваат големината на проблемот со кој и натаму се соочуваат илјадници домаќинства низ Германија, и покрај тоа што минатата година бил забележан пад на вкупниот број присилни иселувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…
Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…
Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…
Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…