Над 3.500 пријавени за „Вози право, вози здраво“, регистрацијата е во тек
На масовниот настан „Вози право, вози здраво“ кој ќе се одржува на 5ти јуни, во организација на Стопанска банка АД-Скопје, веќе се пријавени 3.500 лица од сите генерации.
Во недела скопските улици неколку часа ќе бидат преплавени од луѓе со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди. Сите регистрирани учесници од денеска може да ги подигнуваат своите стартни броеви од i-bank store филијалата на Стопанска банка во ГТЦ од страната на кејот 13 Ноември. Подигнувањето е овозможено од среда (1 јуни) до петок (3 јуни) од 10 до 18 часот, како и во сабота (4 јуни) од 12 до 20 часот. На денот на ревијалниот настан, во недела (5 јуни), нема да може да се подигнуваат стартните броеви.
Стартот на „Вози право, вози здраво“ е во 18 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што сите учесници ќе се освежат со вода, сокови, грицки и сладолед и ќе се забавуваат со добра музика и акробатите од Баскерфест.
На стартот ќе има групни предизвици за учесниците во кои најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка, а на крајот на настанот ќе има богата лотарија за сите регистрирани учесници во која ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…