Објавено на:

Над 3.500 пријавени за „Вози право, вози здраво“, регистрацијата е во тек

t

На масовниот настан „Вози право, вози здраво“ кој ќе се одржува на 5ти јуни, во организација на Стопанска банка АД-Скопје, веќе се пријавени 3.500 лица од сите генерации.

Во недела скопските улици неколку часа ќе бидат преплавени од луѓе со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди. Сите регистрирани учесници од денеска може да ги подигнуваат своите стартни броеви од i-bank store филијалата на Стопанска банка во ГТЦ од страната на кејот 13 Ноември. Подигнувањето е овозможено од среда (1 јуни) до петок (3 јуни) од 10 до 18 часот, како и во сабота (4 јуни) од 12 до 20 часот. На денот на ревијалниот настан, во недела (5 јуни), нема да може да се подигнуваат стартните броеви.

Стартот на „Вози право, вози здраво“ е во 18 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што сите учесници ќе се освежат со вода, сокови, грицки и сладолед и ќе се забавуваат со добра музика и акробатите од Баскерфест.

На стартот ќе има групни предизвици за учесниците во кои најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка, а на крајот на настанот ќе има богата лотарија за сите регистрирани учесници во која ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…