Над 30.000 евакуирани: Нови 64 пожари во Грција, надлежните велат извршена досега најголемата евакуација
Грција со денови се бори со шумските пожари, а во тек се и операции за гаснење на пожарите во Агиос, Крф, Каристос и Родос. Грчката противпожарна служба соопшти дека само во неделата избувнале 64 нови шумски пожари, а припадниците на противпожарните единици гаснат вкупно 82 пожари.
Рано утрово во Асклепион на Родос настанал голем пожар, а пламените јазици се доближил и до куќите.
Пожарникарите се борат со пожарите меѓу Аполо и Платанија, додека има расфрлани избувнувања на исток кон Малон и Масари. Во гаснењето се вклучени 266 пожарникари, 55 возила и 16 групи пешадиски единици, а вода од воздух испуштаат три хеликоптери и четири авиони.
Во текот на ноќта беше испратена порака за евакуација на областите Санта, Мегула, Порта, Палаја Перитија, Синија, Виглатури, Нисаки, Ру, Катаболо, Кентома, Трици, Кококилас, Саракинијатика, Плагија, Калами, Влахатика и Кабалерина.
Во Платанисто Каристос, на Евија, според информациите од Противпожарната служба, се уште има расфрлани жаришта, додека досега се евакуирани населбите Платис Гиалос, Ливади, Кастри, Потами, Пернараки и Платанистос по пораки испратени до жителите и туристите на областа.
Во пожарот на Крф, гори во североисточниот дел на островот и јужно од Перитија, но според Противпожарната служба тој се уште не стигнал до ниту една населба.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 62 пожарникари со 21 возило и три групи пешадиски единици, додека од воздух има два хеликоптери и два авиони.
Грчкото Министерство за климатски промени и цивилна заштита ја објави „најголемата досега евакуација поради шумски пожари во Грција“, а Констансија Димоглиду, портпаролка на грчката полиција, потврди дека досега се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото…
„И понатаму две институции од областа на…
Мицкоски: Не почнавме од нула, почнавме од…
Премиерот Христијан Мицкоски на трибина пред граѓаните…
Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија…
Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби…
Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард…
Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа…
Поднесено обвинение за таткото што при семејно…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…