Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во ЕУ
Според последните податоци на Евростат, 30.004 македонски граѓани за прв пат добиле дозволи за престој во земјите-членки на ЕУ во 2023 година. Тоа претставува зголемување во однос на 2022 година кога такви дозволи добиле 29.591 македонски државјанин.
„Од вкупниот број, 13.730 лица добиле дозвола од семејни причини, 1.028 за образование и 2.535 од други причини“, информираат од Евростат.
Податоците покажуваат дека интересот за останување во ЕУ е значително зголемен.
Во регионот повеќе дозволи за ЕУ во 2023 година добиле граѓаните на Србија, додека вкупно 50.933 лица од Босна и Херцеговина.
Во 2023 година за прв пат во ЕУ се доделени над 3,7 милиони дозволи за престој за граѓани од трети земји, што значи зголемување од 4,7%.
Главни причини за давање дозволи се: вработување, семејни причини, други причини, образование.
Повеќе дозволи за престој во 2023 година им беа доделени на граѓаните на Украина (307.313), по што следат Белорусија и Индија. Вработувањето е најчеста причина за граѓаните на Украина.
Семејните причини се почести кај граѓаните на Мароко (50,3%), Русија (39,4%), Бразил (35,3%), додека граѓаните на Кина најмногу бараат дозвола за образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…