Над 50 илјади Македонци ја посетиле Бугарија во јануари годинава
Околу 51 илјада македонски државјани ја посетиле Бугарија во јануари годинава, а над 29 илјади Бугари патувале во Македонија, соопшти бугарскиот Национален статистички институт (НСИ).
Најбројни странски туристи во Бугарија биле Турците 162,9 илјади, Романците 125,6 илјади и Грците 105,9 илјади.
Бугарите, пак, во јануари најмногу патувале во Турција 139,4 илјади, во Грција 97 илјади и во Србија 51,1 илјада.
Во јануари, бројот на странски посетители во Бугарија изнесувал 741,3 илјади или за 4,1% повеќе во однос на истиот месец лани.
Бројот на бугарски државјани кои патувала во странство во јануари 2024 бил 537,5 илјади, што е за 6,6 отсто повеќе од јануари 2023 година, објави НСИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…