Над 72 отсто од отпадните води во Македонија не се прочистуваат, а дел од домаќинствата пијат непроверена вода
Иако повеќе од 90 отсто од испитаните примероци покажале дека водата за пиење во Македонија е исправна, дел од домаќинствата и натаму користат вода која не е ниту биолошки ниту хемиски проверена, а најголем проблем останува третманот на отпадните води, пишува „Порталб“.
Податоците од „Статистика на животната средина за 2025 година“ на Државниот завод за статистика покажуваат дека од 2013 до 2022 година, повеќе од 90 отсто од анализираните примероци на вода за пиење биле исправни од санитарно-хигиенски аспект.
Во истиот период, неисправните примероци според физичко-хемиските анализи се движеле од 2,6 до 5,5 отсто, додека кај микробиолошките анализи нивниот удел бил меѓу 0,9 и 3 отсто.
Сепак, статистичарите предупредуваат дека и покрај високиот процент на домаќинства кои се снабдуваат од јавен водовод, во земјата сè уште има домаќинства кои користат непроверена вода.
„Иако податокот дека 91.4 % од вкупниот број индивидуални домаќинства се снабдуваат со вода за пиење од јавен водовод претставува статистички висок показател, фактот дека на почетокот на 21 век, во срцето на Европа, сè уште дел од домаќинствата пијат вода што не е проверена ниту биолошки ниту хемиски, претставува показател што треба да загрижува“, се наведува во статистичкиот извештај.
Од ДЗС оценуваат дека фактот што дел од домаќинствата, особено во ретко населените рурални средини, немаат пристап до проверена вода не може да биде оправдување за состојбата.
Проблемите се присутни и во канализациската инфраструктура.
Дури 7,3 отсто од становите немаат одводна канализација, додека 13 отсто од домаќинствата користат септички јами. Дополнително, 4,3 отсто од отпадните води се испуштаат без организиран систем за одведување.
Состојбата е уште позагрижувачка, се вели во текстот на „Порталб“, ако се земе предвид дека значителен дел од канализациската мрежа не е поврзан со системи за пречистување.
Најновите податоци покажуваат дека во 2025 година дури 72,6 отсто од вкупното количество испуштени отпадни води не било прочистено.
Само 27,4 отсто од отпадните води биле подложени на процес на пречистување.
Од Министерството за животна средина во Стратешкиот план за периодот 2026-2028 година најавуваат проекти за изградба и за унапредување на канализациската инфраструктура, одводни канали, колекторски системи и на атмосферска канализација.
Меѓу планираните проекти се изградба на водоснабдителен систем во Теарце, како и водоводно-канализациската мрежа во повеќе рурални места во околината на Делчево, Тетово, Демир Хисар и на Неготино.
Според податоците на Министерството за животна средина, последната објавена Национална стратегија за заштита на животната средина е од 2018 година и важи до 2027 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…