Објавено на:

Над 80% од Србите се против влез во ЕУ ако треба да се признае Косово!

t

Над 80 проценти од Србите одбиваат влез во Европската унија по цена на признавање на Косово, а исто толку граѓани категорично одбиваат да влезат во НАТО. Од друга страна, 60 отсто се оние кои посакуваат сојуз со Русија и Кина. Повеќето ја гледаат Русија како „попријателска“ земја, додека 68 отсто од Србите сметаат дека НАТО е главен виновник за конфликтот во Украина покажува истражувањето „Нова српска политичка мисла“, презентирано денеска во Медиа центарот во Белград.

Иако минимално е зголемен бројот на оние кои се за влез на Србија во ЕУ и изнесува 42 отсто, сепак има повеќе од оние кои се против ваквата одлука – 44 отсто од граѓаните. Кога станува збор за односот кон Европската унија, односно влезот на Србија во ЕУ по цена на признавањето на независноста на Косово, граѓаните на Србија дадоа „НЕ“ со 83,5 отсто. Процентот на оние кои ја поддржуваат таа опција е 8,1 отсто.


Популарноста на НАТО алијансата е „традиционално лоша“, објаснува директорот на НСПМ, Ѓорѓе Вукадиновиќ, и изнесува 8 отсто за влез во пактот и 85,4 отсто против влез во алијансата.
Од друга страна, значително е поголем бројот на граѓани кои се за сојузништво со Русија и Кина. 60% се определиле за алијансата, а 20% против. Без став се 19%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…

Европската комисија претстави нови насоки со кои…

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…