Наке Георгиев е единствен кандидат од Врховен за член на Судскиот совет
Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд остана единствен кандидат од редовите на врховните судии за член на Судскиот совет.
Советот денеска ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови. Mестата се испразнија откако оставки си поднесоа врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски кој е судија во скопска Апелација.
Утврдувањето на листата следува откако претходно Комисијата за подготовка на кандидатските листи го изготви списокот и потоа истече рокот од 48 часа за приговори од кандидати кои не се најдоа на неа. Георгиев бил единствен кој конкурирал, додека за листата немало приговори.
За утврдување на листата, „за“ гласаа речиси сите членови на Судскиот совет односно осуммина од девет присутни. Единствена „против“ беше поранешната претседателка Весна Дамева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…