Намален прометот во индустријата во април годинава

t

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани е намален за 2,2 проценти, а во однос на март годинава за 15,1 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 5,5 проценти во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 проценти, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27,2 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 13,9 проценти.

На домашниот пазар, во април 2023 година, во однос на април 2022 година, прометот во индустријата е намален за 9,5 проценти, а за 0,1 процент на странските пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…