Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас

t

Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал кај депонијата во Ново Село се проширил кон околните ридови и шумскиот појас. Според објавените информации, пожарот бил намерно предизвикан, а лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани. За случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица.

Во гаснењето биле вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината, како и компанија која со камиони кипери носела земја на теренот.

Од струмичката противпожарна единица информирале дека огнот излегол од просторот на депонијата и зафатил околна вегетација, ридови и шумски делови. Гаснењето било отежнато поради високите температури, силниот ветер, сувата вегетација и големото количество отпад, кои овозможувале пожарот брзо да се шири.

Во текот на ноќта на терен останале три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители, кои продолжиле со гаснењето на пожарот.

Од ТППЕ Струмица ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до опожареното подрачје и да ги следат насоките на службите кои интервенираат на терен.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пожарот кај Ново Село зафатил дел од депонијата, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…