Наместо Северна – Вајмарска Македонија: Статистика измери инфлација од 14,5% во јуни!

t

Инфлација од 14,5% во јуни на годишно ниво измери Државниот завод за статистика. Трошоците за живот енормно се зголемија за 2,8% за само еден месец. Овој огромен пораст на инфлацијата во јуни беше очекуван, бидејќи токму на стартот на месецот беа укинати антикризните мерки, па цените се вивнаа нагоре, кај некои производи и до 70%. Кон средината на јуни повторно беа замрзнати маржите на трговците, цените благо се намалија, но се чини не доволно.

Податоците од статистика покажуваат дека најмногу „скокнале„ цените на транспортот за дури 31,4%. Храната, пак, поскапела за 21%, сметките за комуналии и трошоците за горива биле повисоки за 9,4%, додека рестораните и хотелите ги зголемиле цените за 12,3%.

Кај храната, најголем пораст на цената е забележан кај маслото за јадење од дури 51%. Следи лебот кој поскапел за речиси 31%, за месо требало да се издвојат за 18,4% повеќе пари. Околу 20% зголемување има кај млекото, сирењето, јајцата, зеленчукот, шеќерот.

Огромни поскапувања во јуни на годишно ниво се забележани и кај трошоците за домување и горивата. За струја сега граѓаните издвојувале за 9,4% повеќе пари. Течните горива и гасот се за дури 64% поскапи споредено со јуни минатата година. Цените на цврстите горива се зголемиле за речиси 14%, а сметките за парно греење за плус 9,4 отсто.

Трошоците за транспорт пак биле поголеми поради енормниот раст на цените на горивата. Моторните возила поскапеле за 10%, а транспортните услуги за 18,6%. Граѓаните сега треба да плаќаат за една петина повеќе за превоз со автобус, додека патувањето со авион е поскапо за 14%. Единствен превоз кај кој воопшто нема никаква промена во цените е железничкиот.

Не само домашните аналитичари, туку и странските очекуваат продлабочување на инфлацијата во текот на летото. Последен во низата предупреди и Меѓународниот монетарен фонд, кој дополнително тврди дека е зголемен ризикот од глобална рецесија. ММФ во текот на месецов повторно ќе ја ревидира проекцијата за економски раст надолу. Фондот тврди дека економиите ќе претрпат дополнителен силен удар, стагнација или пад како резултат на напорите на владите и централните банки да ја зауздаат инфлацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИТАЛИЈА: Сè…

Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала…