Објавено на:

Нападнат трговски брод во Ормускиот Теснец, 13 членови на екипажот се спасени, еден исчезнат

t

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице се води како исчезнато по нападот врз трговскиот брод „MT El Gaia“ во близина на брегот на Оман, во Ормускиот Теснец.

Во моментот на нападот на бродот имало 14 индиски членови на екипажот. Индиското министерство го осуди нападот и соопшти дека индиската амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и соработува со тамошните власти во тековната операција за потрага и спасување.

Њу Делхи повика на итно намалување на тензиите, како и на дијалог и дипломатија за да се воспостави мир во регионот. Индиските власти порачаа дека нападите врз трговски бродови, морнари, цивили и цивилна инфраструктура се неприфатливи.

Британската Управа за поморски трговски операции (UKMTO) претходно во неделата соопшти дека брод што пловел низ Ормускиот Теснец бил погоден со неидентификувано оружје.

Во првичните информации немало податоци за состојбата на екипажот, степенот на оштетувањата на бродот или евентуалното влијание врз животната средина. Истрагата е во тек, а бродовите се повикуваат да пловат со зголемена претпазливост и да пријавуваат сомнителни активности.

Сообраќајот низ стратешки важниот Ормуски Теснец и понатаму е значително под нивото од пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари годинава, поради безбедносните ризици и нападите врз трговските бродови во регионалните води.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат трговски брод во Ормускиот Теснец, 13…

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Косово: Со 62 гласа, Собранието ја изгласа…

Пратениците на Движењето „Самоопределување“ и на другите…

Штетата од ниските нивоа на водата на…

Се очекува дека континуираното ниско ниво на…

Трамп: Негативните сили претеруваат со стравовите во…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

На влезот на Кочани поставен крст во…

Во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, на…