НАПАДОТ ВРЗ ИРАН ЌЕ НАПРАВИ СВЕТОТ ДА ЈА ВИДИ НАШАТА МОЌ – Израелскиот министер за одбрана упати заканувачка порака
Планираните воздушни напади врз Иран ќе го натераат светот да ја разбере воената моќ на Израел, предупреди министерот за одбрана на земјата, Јоав Галант.
Галант во средата ги посети авионските екипажи во воздухопловната база Хацерим и јасно стави до знаење дека Израел сè уште има намера да возврати.
– Откако ќе нападнеме во Иран, луѓето во Израел и на други места ќе разберат што вклучуваа вашите подготовки – им рече Галант на екипажот во видеото што го дистрибуираше неговата канцеларија.
На Икс, Галант објави повеќе од неговиот разговор со персоналот на воздухопловните сили.
– Во мојот разговор со нив им нагласив дека „откако ќе го нападнеме Иран, сите ќе ја разберат вашата моќ, процесот на подготовка и обука, секој непријател што ќе се обиде да му наштети на Израел ќе плати висока цена“ – рече министерот.
Блискиот Исток повеќе од три недели трепери пред најавениот израелски одговор на ракетниот напад на Иран од 1 октомври, што пак беше одмазда за убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, од страна на Израел.
Обемот на целната листа на нападот кој Израел планира сега да го изврши врз Иран беше предмет на протактирани разговори меѓу лидерите на Израел и администрацијата на Бајден. САД го повика Израел да не ја напаѓа инфраструктурата на иранската нафтена индустрија или нуклеарната програма на Иран.
Вашингтон стравува од циклус на ескалација, особено во последните две недели пред претседателските избори во САД. Израел веќе се бори на повеќе фронтови.
Во Либан во средата, Хезболах ја потврди смртта на Хашем Сафиедин, кој се очекуваше да биде наследник на Насрала. Израел тврди дека Сафиедин бил убиен во воздушен напад претходно овој месец, заедно со Али Хусеин Хузима, шеф на разузнавачката единица на Хезболах.
Во изјавата, Хезболах рече дека Сафиедин поголемиот дел од својот живот го поминал служејќи му на движењето и дека „компетентно раководел“ со извршниот сове, највисокото политичко тело за одлучување во Хезболах.
Групата вети дека ќе продолжи по „тој пат на отпор и џихад“. Смртта на Сафиедин, највисокиот функционер на Хезболах убиен по убиството на Насрала, го доведува во прашање раководството на групата.
Во меѓувреме Израел изврши воздушни напади во средата во Тир, еден од најголемите градови во јужен Либан, кој во изминатата година стана прибежиште за илјадници семејства раселени поради борбите на југ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…