Објавено на:

НАПАД ВРЗ УКРАИНСКИ ГРАДОВИ: Русите истрелуваат проектили од територијата на Белорусија!

t

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека „салва“ проектили ја погодиле неговата земја откако Русија се закани со брза одмазда за нападите врз бродовите во Црно Море.

Тој упати апел до западните земји да ја вооружат Украина со воени авиони Ф-16, за да може да се „затвори небото“.

Претходно, украинската армија објави дека руското военовоздухопловство е активно во источниот дел на Украина.

Според украински извори Русија изврши голем напад врз Украина. Ширум земјата се слушаат експлозии, а Украинците тврдат дека Русите користат хиперсонични ракети Кинџал во нападите врз градовите.

Исто така, според некои информации, Русите истрелуваат проектили од територијата на Белорусија.

– Во моментов, регионите на Киев, Винусија, Житомир, Черкаси се нападнати. Но воздушни сирени се слушаат низ целата земја – изјави портпаролката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Јулија Мендел.

Русија извршува напади додека во Саудиска Арабија се одржува мировен самит, на кој не учествува руски претставник. Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард…

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа…

Поднесено обвинение за таткото што при семејно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

„Агроплод Ресен” незаконски стопанисува со автокамп кој…

Левица денес објавува докази за сериозниот криминал…

САД повторно ги отвораат студентските визи –…

Американската амбасада во Скопје информира дека наскоро…

САД ја продолжија вонредната состојба во врска…

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна…