Наполи знаел да губи: Интер победи и се врати во игра за тронот
Досега недопирливиот лидер во Серија А, тимот на Наполи, го претрпе првиот пораз оваа сезона токму во првиот меч од 2023 година. Во дербито против Интер, на „Џузепе Меаца“, екипата на Елиф Елмас загуби со 0-1.
Иако Наполи играше повеќе со топката, Интер беше поопасен и поконкретен. Наградата стигна од единствениот удар во рамки на голот, во 56. минута, кога Џеко „се поклони“ по центаршутот на Ди Марко. Тој самиот можеше уште во првиот дел да го отвори резултатот, но не ја реализираше шансата во четвртата минута, биеше покрај гол. На Наполи не му помогна ниту Елмас, кој влезе во 76. минута, на местото на Кварацхелија.
Ова е прв пораз за Наполи по 13 триумфи и две нерешени средби, по што остана на 41 бод. Со оглед на тоа дека во ова 16. коло победија и Интер и Јувентус и Милан, сега врвот на Серија А се згусна и трката за скудетото повторно има потенцијал да стане интересна. Милан е втор со 36 бода, Јуве по него со 34, Интер има 33.
Во истиов, вечерен термин, Удинезе одигра 1-1 на домашен терен против Емполи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ДОАЃА “ДЕНОТ Д“ ЗА ИРАН: Трамп му…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Гардијан: Румен Радев се позиционира за нов…
Бугарскиот премиер Румен Радев со своите први…
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…