Наркос вода да им носи: Албанска банда прошверцувала 5 тони кокаин во кутии со банани
Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми.
Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте. Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега.
Кокаинот, кој пристигнал од Еквадор во пратка банани, имал чистота од 87% а неговата пазарна вредност достигнува 265 милиони евра.
Полицајците пронајдоа два камиона што ја превезувале дрогата и виделе како стоката ја растоварале осомничените членови, кои носеле рефлектирачка облека за да се преправаат дека се редовни работници во областа.
Според полицијата, осомничените трговци со дрога постојано го менувале местото на живеење, често патувале во странство и имале различни фирми за перење пари стекнати од трговија со дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…