Народот веќе кажа „НЕ“ на улица: Пак ќе не лажете како на 30 септември 2018 година? – прашува Ицо Најдовски Перин
Кој ја стопи силата на народот во Референдум?
Македонскиот народ спремен излезе да каже НЕ на францускиот предлог. Гневот кој се береше кај македонскиот народ подолго време од понижувачките државни одлуки за комплетно административно бришење на идентитетот на Македонците од домашните и надворешни институции се излеја по улиците на Скопје. Надпартиските протести и пораки до власта и ЕУ беа силни преточени преку ТРАНСПАРЕНТИТЕ и ГОВОРИТЕ на истакнати личности како и илјадниците присутни.
И што се случе?
Кога сите најмногу се надевавме повторно и повторно бевме разочарани! Македонскиот народ полека но сигурно од гласен и одлучен на протестите НЕКОИ ЛИДЕРИ го претворија во маче кое преди на топло со опавчето. И наместо на денот кога дојде Урсула Улаата во Македонија да има жестоки протести со блокирање на автопатот и патиштата низ Скопје, Македонците беа пуштени низ вода. Нивните ЛИДЕРИ си влегоја послушно во Собранието на поклонение пред Урсула, Таче, Али, Џафери и др и уште еднаш македонскиот народ беше обезглавен како многу пати низ историјата. Силата на Македонците за час ја стопија и Лидериштата си отидоја по дадените задачи. Некои во Брисел, некои кај Калето, некои кај Бугарите и од тие средби излезе мудриот предлог за Референдум. И тоа референдум за менување на некои делови од францускиот предлог кој глатко помина насекаде и без ниту едно уа. И сега што ќе правите со Референдум? Пак ќе не лажите како на 30 септември 2018 год?
Слушајте ваму вие Лигуши, ако сте се одлучиле за Референдум извадете ги вашите големи мадиња и нека биде Референдум. Нека биде за поништување на Преспанскиот договор и поништување на Бугарскиот договор а не за промена на делови од францускиот договор!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со моторна пила во Лакавица, па…
Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…
НАТО ќе го брани секој сантиметар од…
Четворица нападнале 40-годишник и од касата во…
Две лица на возраст од 23 и…
Речиси сите летови во Белгија се откажани…
Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…
Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…