НАРОДОТ ЌЕ ВРАЌА… Мицкоски: БИДЕТЕ СПОКОЈНИ, ЌЕ ДОЗНАЕТЕ ОД КАДЕ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ КРЕДИТ!
Премиерот Христијан Мицкоски најави ново задолжување во износ од 500 милиони евра за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Сепак, тој не откри детали за тоа од која европска држава ќе дојдат средствата, нагласувајќи дека информациите ќе бидат споделени во соодветен момент.
-Бидете спокојни, ќе дознаете, кусо одговори премиерот.
Според него, општинските проекти ќе се финансираат главно од буџетот или преку поволни странски кредити, слично како што беше случај со претходниот заем од Унгарија, во висина од 500 милиони евра. Од тие средства, 250 милиони беа насочени кон кредитирање на компании, додека останатите беа искористени за проекти на општините. Засега, владата не планира да ја врати можноста за издавање општински обврзници, што беше еден од предлозите додека актуелната власт беше во опозиција.
„Сите опции се на маса – дали финансирањето ќе биде преку буџетот или со други финансиски инструменти. Она што е важно е дека најголемиот дел од општините се финансиски стабилни“, изјави Мицкоски.
Премиерот исто така информираше дека наскоро ќе биде назначен нов директор на Комисијата за хартии од вредност, откако досегашната директорка поднесе оставка. Оваа институција е клучна за функционирањето на Македонската берза и за можноста компаниите да издаваат нови акции или обврзници.
„Очекувам дека процесот ќе биде завршен во текот на овој месец и дека ќе имаме ново раководство на Комисијата за хартии од вредност, со што ќе се создадат услови за реализација на нови финансиски инструменти“, истакна премиерот.
Во моментов, неколку компании најавуваат Иницијална јавна понуда на акции на Македонската берза – нешто што не се случило во изминатите 29 години од нејзиното формирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…