НАСА го одложи слетувањето на луѓе на Месечината, прво по повеќе од половина век
НАСА денеска соопшти дека првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години ќе биде извршено во 2026 година, а не во 2025 година, како што беше претходно планирано.
НАСА соопшти дека астронаутите ќе мора да почекаат следната година пред да летаат на Месечината и уште неколку години пред да слетаат на неа, пренесува АП.
Американската вселенска агенција планираше да испрати четворица астронаути околу Месечината подоцна оваа година, но летот беше одложен за септември 2025 година поради технички проблеми.
Соопштението дојде набргу откако Astrobotic Technologies се откажа од обидот да го спушти своето летало на Месечината поради истекување гориво. Сондата требаше да служи како извидник за астронаутите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАСА: Дел од ракетата на SpaceX веројатно…
Парче од ракета на SpaceX со тежина…
Џеф Безос: Треба да ја колонизираме Месечината…
Џеф Безос се качи на сцената во…
НАСА планира постојана база на Месечината во…
Една од главните цели на месечевите мисии…
САД против Кина во новиот маратон за…
Светот претходно овој месец следеше како НАСА…
(Фото+видео) Екипажот на Артемис 2 безбедно се…
Четворицата астронаути кои станаа првите лунарни истражувачи…