Населението во Македонија не зборува ниту бугарски, ниту српски: Груевски објави писма на британската дипломатија од 19 век

t

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели документи за тоа како британската дипломатија во деветнаесеттиот век прави разлика меѓу населението во Македонија и Бугарија.

– Британската дипломатија препознала видлива разлика уште во 1894 година меѓу луѓето што живееле на територијата на Македонија од оние во Бугарија

Извадок од писмо од сер Филип Кари, амбасадор на Велика Британија во Константинопол, до грофот од Кимберли, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија, од 10 ноември 1894 година, за патувањето на Ц. Н. Елиот низ Македонија

Имам чест да испратам до Вашето лордство препис од еден многу интересен извештај доставен од г. Елиот за неговото неодам нешно патување низ Македонија. Константинопол, 10 ноември 1894 година (Бр. 513)…

Прилог кон бр.1

Извештај од г. Елиот за неговото патување низ Македонија…

***

„…Нема сомневање дека мнозинството чисти Бугари во земјата се населени во областите што се наоѓ на јужната граница од Кнежевството, а чистите Срби во северните делови Косовскиот Вилает. Јужно, т.е. во Битолскиот и во Солунскиот Вилает најголемиот дел од населението претставува словенска раса која не зборува ниту бугарски ниту, пак, српски…”

“…Меѓутоа, две причини ја прикажуваат Егзархијата понепопуларна отколку што можеше да се очекува. Прво, јазикот што тие го користат е бугарскиот јазик од Софија, и иако селанството подобро го разбира овој јазик отколку грчкиот, тој, во суштина, не е нивниот мајчин јазик и тие не го разбираат целосно….” – објави Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…