Насилник ќе одговара: Физички и психички малтретирал другарче на својот син
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик.
Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година.
Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ поднесе оставка
Александар Вучиќ вечерва ја соопшти својата оставка…
Најмалку 10 исчезнати по лавина на Хималаите,…
Најмалку десет непалски планинари се водат како…
Велика Британија подготвува мерки за можен недостиг…
Велика Британија се соочува со нов притисок…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
Дел од Аеродром утре ќе остане без…
Утре од 8 часот без вода ќе…