Наскоро и средношколците без маски во училиштата!

t

Комисијата за заразни болести вчера предложи учениците од основните училишта да бидат ослободени од задолжителното носење заштитни маски. Обврската за носење маска во училиштата останува на наставниците, професорите и техничкиот персонал.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски вчера напомена дека на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата, доколку сметаат дека треба да ги носат.

Членот на Комисијата за заразни болести доктор Нико Беќаровски во една објава на Фејсбук откри дека наскоро истата мерка се планира и за учениците од средните училишта. -За две недели ќе бидат ослободени и средношколците.

Основците се ослободени порано бидејќи скоро сите учат во местото на живеење и не се врзани со јавен автобуски превоз, каде се уште е задолжително носење на маски, објасни доктор Беќаровски на Фејсбук.

Покрај мерката за основците, вчера Комисијата предложи капацитетот на исполнетост на затворени објекти – опери, театри, кина да се зголеми од 50 на 75 проценти. Третата мерка која се предлага е укинување на сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти. Овие предлог мерки Комисијата ќе ги препорача на Главниот кризен штаб, а потоа на усвојување од Владата.

Како што појаснија вчера од Комисијата, ваквите мерки се резултат на намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата. Сепак, посочија, олабавувањето на мерките ќе се одвива внимателно и во зависност од епидемиолошката состојба во земјата која во моментов е во зелената зона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Комити со уште една моќна кореографија…

Вардар денеска против Тиквеш го играше последниот…

Сашо Тасевски ја пофали полицијата: Цело време…

Пишува Сашо Тасевски на Фејсбук: Ајде откри…

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 5 дена…

Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до…

ЛУЃЕТО ВО ГАЗА МОЛАТ ЗА ЛЕБ: Половина…

Заменик-директорот на Светската програма за храна на…

(Фото) И Раде Штекли си замина од…

Раде Трајковски – Штекли кој преживеа два…