Наскоро нова апликација за 112: Ќе испраќа локација, фотографии и видео во итни случаи
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) најави дека наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации.
Апликацијата ќе им овозможи на корисниците прецизно да ја испратат својата локација, како и фотографии и видеоснимки од местото на настанот. Ќе биде достапна и можност за директна видеокомуникација со Оперативниот центар.
Дополнително, ќе биде воведена и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата што се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош, без да мора да зборуваат.
Од ЦУК посочуваат дека со воведувањето на овие нови функционалности продолжува модернизацијата на системот 112, со цел да се обезбеди поголема безбедност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени…
Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица…
73-годишник од Крива Паланка осомничен дека силувал…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…
Рации на над 60 локации низ Македонија,…
По координираната акција изминативе два дена во…
Масовен украински напад со над 1.000 дронови…
Украина започнала масовен воздушен напад врз Русија…
Тројца турски државјани осомничени за обид за…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…