Наскоро Прилеп и Битола ќе добиат „Sаfе City“
Наскоро Прилеп и Битола ќе добијат „Safe City“. „Но, тоа што е повеќе е важно е дека бројот на жртви во сообраќајот се намалува, а сообраќајната културата на граѓаните е подигната на повисоко ниво, посочи директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска при посетата на Одделението за внатрешни работи Прилеп.
„Со „Safe City“ планирано е подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола да биде опфатен. Во тек е изработка на проектна документација, се надевам дека во наредниве месеци ќе го имплементираме тој дел. Опфатени се повеќе од 40 точки, вклучително и градот Прилеп. Но, тоа што е повеќе е важно е дека бројот на жртви во сообраќајот се намалува. Културата на граѓаните се подига и можам да ги пофалам и возачите и сите ние што сме учесници во сообраќајот, без разлика дали сме возачи или пешаци или возиме велосипед. Најважно е да ги почитуваме сообраќајните знаци и сообраќајните правила. И, на крајот на денот, „Safe City“ е систем кој што покрај сообраќајот овозможува и поефикасно работење на полицијата од аспект на откривачка дејност, од аспект на превенција на работи, од аспект на утврдување на докази или факти коишто може да ги користиме понатаму во една идна постапка или во одржување на јавниот ред и мир или заштита на урбаната инфраструктура. Поголем проект е, меѓутоа многу корисен и ќе го надградуваме во иднина со одредени други алатки кои што ги имаме достапни, сѐ на сѐ да биде полицијата што поефикасна на терен. Тоа е нешто коешто граѓаните го заслужуваат, сите ние како жители на оваа држава го заслужуваме и мораме да го менуваме концептот на работење на полицијата во иднина.“, рече тој. На новинарско прашање „како ја оценувате моменталната безбедност во Прилеп?“ тој додаде „Бројките во делот на безбедносната состојба во Прилеп, не само по случајот кој што го завршивме пред два дена овде, генерално трендот бележи намалување на извршување на кривични дела од аспект на насилниот криминал на подрачјето на ОВР Прилеп, ама генерално и на СВР Битола.„
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наскоро Прилеп и Битола ќе добиат „Sаfе…
Наскоро Прилеп и Битола ќе добијат „Safe…
Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко останува во…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната…
Од Министереството за надворешни работи и надворешна…
Инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво во…
Инфлацијата во еврозоната забрза повеќе од очекуваното,…
Поскапеа житото, говедското месо и шеќерот на…
Индексот на цените на храната на Организацијата…