Наскоро ќе се знаат новите членови на мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека на следната владина седница или на таа по неа ќе се знаат новите членови на македонскиот тим од мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Деновиве очекувам да се видам со министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Тој е сега надвор од државата, мислам дека вчера беше во Блед, денеска во Белград, а потоа оди на друго место. Кога ќе се видам, ќе ги прецизираме. Има некои идеи, има некои размисли. Мислам дека на следната или по таа владина седница ќе помине новиот состав на комисијата која што преговара за историските прашања со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен, изјави Мицкоски по почетокот на изградба на фабрика за литиумски батерии во ТИРЗ Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…