Настава на македонски јазик, враќање на македонските презимиња, традиционални топоними: Еве за што се залага Центарот за македонски јазик во Грција!

t

Центарот за македонски јазик во Грција денеска објави дека истиот е регистриран како невладина организација.

Во продолжение информациите за Центарот кои се објавени на нивната веб-страница:

– Центарот за македонски јазик во Грција претставува локална невладина организација, основана во текот на 2022 година. Основна цел на Центарот е делување во насока на зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.

Активностите на Центарот се групирани во три основни области: образование, застапување и документација.

Образование:

  • Организација на настава по македонски литературен јазик за граѓаните на Грција, преку соодветна веб – страница.
  • Поддршка во напорите и легитимните заложби за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основно и средно) и универзитетите во Грција, лоцирани во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.
  • Поддршка за идното можно основање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постојните универзитети во Грција, во насока на обучување и образовно квалификување на локални наставници по македонски јазик, како и подготовка на соодветна наставна програма и наставни материјали.

Застапување:

  • Застапување и поддршка на легитимното барање за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во Грција, вклучително и за ратификација на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за малцински јазици од страна на Парламентот на Грција.
  • Поддршка на иницијативи за заштита на јазичните права на говорителите на македонски јазик во Грција, вклучувајќи го правото непречено да користат свој јазик во приватната и јавната сфера, правото да ги користат нивните традиционални семејни презимиња, правото да регистрираат културни здруженија со цел негување на етнокултурниот и јазичниот идентитет итн.
  • Спроведување на јавни кампањи за пробив и унапредување на јавната употреба на македонскиот јазик во Грција од страна на неговите говорители, вклучително и преку употреба на традиционалните топоними на населените места во северна Грција, заедно со сегашните топоними.

Документација:

  • Воспоставување на дигитална база на податоци за традиционални топоними и утврдување на областите, околиите и населените места во Грција каде што се зборуваат македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности во поголема или помала мера.
  • Дигитално документирање на различните дијалекти на македонскиот јазик кои што се зборуваат во Грција за архивски и истражувачки цели.
  • Документирање на сите поединечни случаи на кршење или попречување на човековите права врз етничките Македонци, говорителите на македонскиот јазик и граѓаните на Грција, како и говорот на омраза во јавната сфера насочен кон нив од разни јавни или приватни ентитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Општина Центар два месеца не издала одобрение…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…