Нас Грција не’ чува: Хрватска набавува современи системи за воздушна одбрана од Франција
Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ денеска во Брисел соопшти дека Хрватска е во преговори со Франција за набавка на нивните системи за противвоздушна одбрана.
Баножиќ рече дека 15 министри за одбрана на земјите членки на НАТО, на иницијатива на Германија, денеска во Брисел потпишале писмо за намери за заедничка набавка на системи за противвоздушна одбрана, но дека Хрватска не е меѓу нив, бидејќи веќе е во билатерални разговори со Франција, пренесе ХИНА.
По падот на беспилотното летало во Загреб во март оваа година, приоритет ни беше противвоздушната одбрана, пред се системите со краток дострел, а преку билатерални разговори со Франција веќе обезбедивме материјални ресурси на ниво на еден баталјон“, рече Баножиќ.
Баножиќ не сакаше да даде детали кои системи ги презема Хрватска.
Ја кажав земјата на потекло, но не излегуваме во јавноста со детали“, изјави Баножиќ, пренесува Танјуг.
Тој додава дека не е доцна Хрватска да се приклучи на германската иницијатива кога ќе се види дали овие системи со долг дострел ќе бидат компатибилни со договорените системи со краток и среден дострел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…
Министерството за спорт и млади на Црна…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…