Наташа Беквалац дипломирала со десетка: Дознајте што е по струка, нема врска со музиката
Наташа Беквалац рано влезе во музичките води, а професионалната пејачка кариера ја започна на 20 години.
Не ѝ требаше многу време за да се здобие со голема популарност, меѓутоа, помалку е познато дека и таа паралелно се образувала, а ретко кој знае што всушност работи новосадската Барбика.
Имено, Наташа со највисока оценка дипломирала на Вишата школа за спортски тренери, а љубовта кон спортот ја наследила од својот татко, кој е фудбалски експерт.
-Беше многу убаво кога дипломирав со А (10-ка). Во тој момент добив желба да го продолжам образованието, изјави еднаш таа.
Иако не планира да се откаже од својата пејачка кариера, таа признава дека може да се замисли како се занимава со она што е по струка.
-Се гледам себеси во некој убав фитнес центар, како им помагам на луѓето да се одржат во форма или да станат витки. Ова е она што сакам да го правам во иднина. Јас сум одличен теоретичар, но лош практичар. Знам дека им кажувам на другите за придобивките од здравиот начин на живот, но живеам како во кампања, јадам нередовно. Се случува да изгубам десет килограми за дваесет дена, признала тогаш Наташа, пренесува „Хелоу“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКО-АКТИВИСТИ ИЛИ АНАРХИСТИ?! Борците против рудници во…
Не запираат двосмислените пораки кои ги испраќаат…
Во Скопје изречени казни од над 80.000…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…
Русија со рекордни 2,75 милијарди долари од…
Вредноста на рускиот поморски извоз на сурова…
Eве што се ќе дадат Бугарите за…
Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија…
(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…
Драматични тврдења за насилството во авионот на…