Наташа Крстевска Цалева нова шефица на Вишото ЈО Скопје

t

Советот на јавните обвинители ја определи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов шеф на ова обвинителство, но подолго од шест месеци.

Определувањето вриштел на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје беше прва и единствена точка на дневен ред на денешната 33-та седница на Советот на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители на почетокот на неделава, 9 декември донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.

Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со бонусите на СЈО.

Советот на јавни обвинители во февруари годинава ја определи обвинителката Наташа Крстевска Цалева да функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…