(Видео) НаТерен со Инфомакс: Со минимална плата не се живее, се преживува – Итно се потребни домашни и странски инвестиции

t

На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци. Под четиричлено семејство се подразбираат родители и две деца, што значи двајца вработени.

Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.

Минималната плата изнесува 18.000 денари, како што претходно напоменавме, синдикалната кошничка треба да можат да ја задоволат две вработени лица, кои во случајов заедно земаат плата од 36.000 денари, значи за едно семејство да живее нормално, доколку двата вработени имаат минимални плати, ќе му недостигаат нешто повеќе од 20.000 денари.

Важно е да не се заборави дека минималната синдикална кошничка, како што кажува и самото име ги пресметува најнеопходните трошоци, овде не се вклучени културни активности за деца или возрасни, одмори, вечера во ресторан еднаш месечно или слично.

Граѓаните велат дека со минимална плата во Македонија не може да се живее, може само да се преживува. И сами се прашуваат каде попрво да ги распределат тие 18.000 денари кога најмалку 10.000 денари “одат” за подмирување на сметките, а останатите 8.000 се за “крпен живот”.

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миновски, за Инфомакс вели дека итно се потребни домашни и странски инвестиции за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

– “Граѓаните ги интересира висината на реалната плата, а не минималната плата, а доколку ги следиме статистичките податоци поврзани со висината на реалната плата, нивото на рњалните плати опаѓа. Тоа значи дека независно што номиналниот износ што граѓаните го добиваат е поголем, сепак во реалноста вредноста на тие пари епомала од проста причина што имаме енормен раст на цените на основните продукти.”, вели Миновски.

Според него најприроден раст на минималната плата има кога продуктивноста на трудот е во пораст.

– “Најприроден начин на пораст на минималната плата е преку пораст на продуктивноста на трудот. Само на тој начин имаме одржливо зголемување на минималната плата, тоа е единствената формула. За да се направи тоа нормално неопходно е да имаме попродуктивна економија, попродуктивни компании, компании коишто ќе алоцираат на основ на тие финансиски резултати одредени финансиски средства за плати и на тој начин ќе се зголемува и животниот стандард на граѓаните”, објаснува Миновски кој додава дека за да се подобри економската ситуација во државата неопходно е да се зголемат странските и домашни инвестиции.

– “Формулата е инвестиции, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, една практика којашто ја имавме во време на претходната влада, една пообмислена политика на привлекување на странски инвеститори за државата кои ќе донесат капитал и ќе отвараат и нови работни места. Вториот начин е стимулирањето на домашните инвестиции, домашните компании да ги зголемат своите инвестиции преку повторно една сеопфатна стратегија која ќе креира едно такво деловно опкружување кое ќе овозможи поголеми инвестиции за компаниите, подобри услови… Можни се и сет на други мерки, стимулирање на инвестиции преку определено државно финансирање, или можно е и директно државно улество во одредени стратешки сектори, стимлулирање на инвестициите во инфраструктурата, капиталните инвестиции кои изминативе години и покрај тоа што се алоцират определени средства кои не се на високо ниво и тие не се користат. Сето тоа е еден начин којшто ќе создаде некакви предуслови за економски раст, а ако имаме економски раст се создава и зголемување на продуктивноста и ако ги имаме предвид овие два фактора тие влијаат позитивно и на зголемување на животниот стандард кои би ги имале граѓаните”, заклучува Миновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавниот долг на крајот на првиот квартал…

Министерството за финансии денеска ги објави податоците…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

Рекордна цена на златото

Златото на крајот на неделата достигна 2.417…

Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…