Објавено на:

НАТО во “Пролетна бура” вежба како да сака да ја заплаши Русија?

t

Воената вежба има за цел да го тестира заедничкиот одговор на сојузниците на НАТО во случај на воен упад од Русија, а учествуваат 14.000 војници од 11 земји.

“Тапа” е најголемата воена база во Естонија и една од најблиските до руската граница од сите членки на НАТО. Последните денови стана место за средба на естонските, британските, француските и другите сили на Алијансата во пресрет на масовната воена вежба во која учествуваат 14.000 војници од 11 земји, пишува „Форин Полиси“.

Вежбата наречена „Пролетна бура“ има за цел да го тестира заедничкиот одговор на сојузниците на НАТО во случај на каков било воен упад од Русија.

Од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, НАТО направи многу за да ги размрда работите и да се врати на својата стара работа за колективна одбрана, во стилот на Студената војна, но тоа не е ни приближно доволно за да ја намали нервозата кај членките лоцирани на источното крило на Алијансата, оценува истиот извор.

Еден од главните методи за одвраќање, или така се надеваат сојузниците на НАТО, е да се спроведат вежби како „Пролетна бура“.

„Русија разбира само една работа, а тоа е моќта. Треба да не видат со нашите сојузници, дека сме подготвени да се бориме од првиот момент“, изјавил еден воен офицер, пренесува „Форин полиси“.

Обединетото Кралство испраќа јуришни хеликоптери Wildcat и Apache во Естонија за да учествуваат во пролетната бура, додека Франција испрати оклопни борбени возила AMX-10 RC и самоодни хаубици Цезар.

„Пролетна бура“ е една од десетиците големи воени вежби организирани од земјите на НАТО за да и покажат воена моќ на Русија. Од февруари минатата година, големината и обемот на воените вежби се зголемени.

Од мај до септември годинава се планирани 18 големи вежби во членките на НАТО, според нивниот воен штаб, а некои вклучуваат учество на илјадници војници.

Обединетото Кралство ги предводи трупите на НАТО стационирани во Естонија, заедно со силите од Франција и Данска. Тие се запознаваат со теренот и смислуваат како најдобро да ги одбранат малите балтички земји доколку се случи најлошото сценарио – напад од Русија.

И покрај тоа што е мала земја со население од само 1,3 милиони, Естонија ги зголеми трошоците за одбрана на три проценти од БДП до 2024 година и набавува оружје од високата класа, како што се системи за противвоздушна одбрана и ракети ХИМАРС.

Иако Русија претрпе значителни загуби во Украина, нејзините воздушни и поморски способности остануваат главно недопрени, наведува „Форин полиси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

АРМ со вежба на Охридското езеро, апел…

Во периодот од 09 до 11 јуни…

Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…

Блумберг: НАТО бара од европските членки да…

НАТО бара од европските членки петкратно да…

НАТО бара од Германија да обезбеди околу…

НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…