Објавено на:

НАТО го одби Косово за брзо членство

t

САД ги поздравуваат аспирациите на Косово за членство во НАТО, но апликацијата за членство е сложена и бара долгорочен и внимателен пристап, изјави извор од Стејт департментот за Радио Слободна Европа на албански јазик.

„Косово најдобро може да ја покаже својата подготвеност за одговорностите што ги носи членството во НАТО, со продолжување на активното спроведување на 10-годишниот план за транзиција на Косовските безбедносни сили и не отстапување од него“, пишува Радио слободна Европа цитирајќи извор од Стејт Депарментот.

Одговорот од американскиот Стејт департмент доаѓа откако косовската претседателка, Вјоса Османи, преку писмо од 10 март побара од претседателот на САД, Џо Бајден, да го искористи „лидерството и влијанието, за да го поддржи и активно да го унапреди сложениот процес за членството на Косово во НАТО“.

„Бидејќи ја споделуваме заедничката цел за заштита и унапредување на глобалната безбедност, членството на Косово во НАТО стана неопходно“, вели Османи во писмото во кое што имаше увид Радио Слободна Европа.

Таа рече дека очите на светот сега се насочени кон војната во Украина, но, според неа, „не смееме да заборавиме на кревката ситуација со која се соочуваме на Балканот“.

„Изложени сме на постојаните напори на Русија да го поткопа Косово и да го дестабилизира целиот Западен Балкан“, рече Османи.

Портпаролот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа изјави дека САД се посветени на „да му помогнат на Косово да го обезбеди местото што го заслужува заедно со своите соседи во европските и евроатлантските институции“.

„Ние продолжуваме да ги поддржуваме Косовските безбедносни сили бидејќи тие постигнуваат значителен и значаен напредок во нивниот 10-годишен транзициски план, кој беше развиен со поддршка од САД, со цел да се изгради мултиетничка одбранбена сила која „не е способна само да ја заштити територијалната интегритетот на Косово, но и да придонесе за глобалните безбедносни напори надвор од неговите граници“, рече портпаролот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…