Објавено на:

НАТО денеска добива нов шеф

t

Еден од генералните секретари на НАТО со најдолг стаж, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Промената на чело на Алијансата се случува во време кога НАТО се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.

Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО.

Воениот комитет на НАТО вчера официјално се прости од Столтенберг, а заменик-претседателот на Воениот комитет, генерал-полковник Ендрју М. Ролинг го пофали неговото „демократско лидерство и духот на сила и единство што им го донесе на сојузничките земји“.

Во својот говор, Столтенберг се заблагодари за „напорот и соработката во изминатите 10 години“ и истакна дека „НАТО сега е поголем, посилен и поподготвен од кога било да се соочи со каков било предизвик“, како и дека „издржливоста и силата на НАТО што ја прават не зависат од поединци, туку од колективот“.

Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржат низа настани за примопредавање.

Руте ќе стане 14-ти генерален секретар во историјата на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО денеска добива нов шеф

Еден од генералните секретари на НАТО со…

Клучните предизвици со кои ќе се соочи…

Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја…

Финска: Штабот на НАТО ќе биде во…

Главниот штаб на копнените сили на Северноатлантската…

Шеф на Kабинет на 3еленски: Пpиклyчувањето на…

Покана за Украина да се приклучи на…

Муцунски му врачи плакета на Столтенберг за…

Во пресрет на неговото заминување од функцијата,…