НАТО: Нема да дозволиме Путин да победи во Украина!
Ситуацијата на бојното поле во Украина е посложена отколку што очекуваше НАТО, Русија започна офанзивни операции за опколување на Авдеевка, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.
„Мораме да разбереме дека ситуацијата на бојното поле е сложена. Русија не планира мир, напротив, гледаме како Русија започна офанзивни операции, на пример, околу Авдеевка. Но, фактот дека ситуацијата е посложена од очекуваното не е аргумент против помошта, тоа е аргумент за уште поголема помош за Украина. Не смееме да дозволиме претседателот Путин да победи, тоа ќе биде лошо за НАТО“, рече Столтенберг.
Тој додаде дека Украина „веќе и нанела големи загуби на Русија на почетокот на војната“.
„Уверен сум дека САД ќе продолжат да обезбедуваат помош за Украина. Патувам во земјите на НАТО и ја добивам истата порака за поддршка. Само во последните неколку дена Германија најави нова помош, а помош ветија и други земји од НАТО“, додаде Столтенберг.
Претходно, Европската комисија објави дека европските земји веќе обезбедиле 83 милијарди евра помош за Киев од почетокот на конфликтот, додека САД му обезбедиле само воена помош во вредност од речиси 45 милијарди долари за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украина нападна 16 цели во Русија…
Според претседателот на Украина, Володимир Зеленски, украинската…
Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…