НАТО очекува зголемување на трошоците за одбрана за околу осум отсто

t

Оваа година очекуваме НАТО сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана во просек за осум отсто: ова е најголем пораст на трошоците во последните децении, но тоа е неопходно, бидејќи кога ќе се зголемат тензиите, треба да се инвестира во безбедноста, изјави генералниот секретарот на Алијансата Јенс Столтенберг на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин направил најмалку две грешки со инвазијата на Украина – ги потценил Украинците и одговорот на Aлијансата.

Земјите од НАТО и ЕУ му даваат невидена помош на Киев со артилерија, ракети со долг дострел, противвоздушна одбрана, муниција и обука, истакна тој. Исто така, Столтенберг изрази благодарност до Данска, Холандија и Норвешка за нивната подготвеност да и обезбедат на Украина ловци Ф-16, како и за земјите каде што ќе се обучуваат украинските пилоти.

Украинците постепено ги враќаат заробените земји, тоа е тешка битка, тие ги пробија руските одбранбени линии и напредуваат, резимира Столтенберг.

Со војната во Украина, Путин очекуваше да го ограничи НАТО, но го постигна спротивното – пактот го прошири своето присуство на источното крило, ја прифати Финска и наскоро очекува да го поздрави приемот на Шведска. Очекувам турскиот парламент да го ратификува членството на Шведска подоцна оваа есен, што е можно поскоро, додаде генералниот секретар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јордан: Уапсени три лица осомничени за нападот…

Безбедносните сили на Јордан уапсиле тројца осомничени…

Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…

Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…

Сиљановска со честитка за исходот на изборите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од…

Нетанјаху бара од Трамп поголема јавна поддршка…

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изминатите денови побарал…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…