Објавено на:

НАТО функционер: „Северна“ Македонија во НАТО влезе под уставното имe

t

Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува, рекол за грчката новинска агенција АНА-МПА функционер од Северноатлантската алијанса во однос на употребата на името Македонија од претседателката Сиљановска Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.

Функционерот, кој не е именуван, за АНА-МПА посочил дека нашата земја е важен НАТО сојузник и „значајно придонесува за нашата колективна безбедност“.

Како пример ги споменал војниците распоредени во мисијата КФОР на Косово, мисиите во Ирак, како и мултинационалните борбени групи на НАТО во Летонија, Бугарија и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…