(Фото) НАТО честиташе 8-ми март со црното сонце – нацистички симбол
Северно атлантскиот сојуз од кој од неодамна е дел и Македонија вчера го честиташе 8-ми март, меѓународниот ден на жената.
Сепак НАТО не можеше да пропушти ваква прилика и да не покаже политичка поддршка за Украина, па така меѓу фотографиите објавија и слика од украинска војничка која еден ден потоа ја избришаа.

Зошто?
Причината е што војничката која ја објави НАТО на своето рамо го носи украинското знаме, а на градите го носеше симболот популарно наречен црно сонце, симбол кој е пандан на кукастиот крст во нацистичка Германија.

Црното сонце е нацистички симбол, еден вид сончево тркало (германски: Sonnenrad) употребено во контекст на пост-нацистичка Германија од неонацистите, но и од модерните сатанисти. Дизајнот на симболот се состои од дванаесет радијални сиг-руни, слични на симболите употребени од СС дивизиите на нивното лого. Дизајнот за прв пат се појавил во нацистичка Германија во замокот во Вевелсбург, реконструиран и проширен од шефот на СС, Хајнрих Химлер, кој имал намера замокот да биде центар за СС.

Дали дизајнот имал име или имал некое посебно значење меѓу СС останува непознато. Неговата поврзаност со окултизмот потекнува од германскиот роман Die Schwarze Sonne von Tashi Lhunpo („Црното сонце на Таши Лунпо“) од 1991 година од псевдонимниот автор Расел МекКлауд. Книгата го поврзува мозаикот Вевелсбург со неонацистичкиот концепт на „Црното сонце“, измислен од поранешниот офицер на СС Вилхелм Ландиг како замена за нацистичката свастика.
Русија започна „специјална операција“ за „демилитаризација и денацификација“ на Украина пред 12 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Огнот кај Арнакија се шири на…
Пожарот кој избувна кај Арнакија се шири…
Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во…
Тројца македонски државјани загинаа, а уште две…
Генералниот секретар на ОН изрази солидарност со…
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес…
Додик: Ратко Младиќ е убиен
Милорад Додик реагираше на смртта на Ратко…
(Фото) Пожар кај Арнакија
Пожар избувна кај Арнакија. На терен може…